дома Локално Непријатна случка во ЗОО – средношколци фрлале со камења по слоницата

Непријатна случка во ЗОО – средношколци фрлале со камења по слоницата

Негувателот во Скопската Зоолошка градина Виктор Ванчевски на својот профил на Фејсбук информираше за една непријатна ситуација во која ученици кои биле во посета на ЗОО фрлале камења по слоницата.

– Денес имав ситуација што искрено ме разочара. Група ученици од средното угостителско „Лазар Танев“ фрлаа камења кон слоницата, додека нивните професори седеа на кафе во кафич. Не сакам да генерализирам — не се сите деца исти, ниту сите професори се неодговорни. Но вакви поединци оставаат лоша слика и, уште полошо, нанесуваат стрес и штета на животни кои се под наша грижа. Како зоонеговател, секојдневно гледам колку се чувствителни и интелигентни овие суштества. За нив, ова не е ,, заебанција“, пишува во објавата.

Апелира да се учат децата дека животните не се мета за забава, туку живи суштества што заслужуваат почит.

– Разбрав дека е изреагирано од страна на директорот, се надевам дека ќе има некакви реперкусии за ова однесување, пишува Ванчевски на Фејсбук.

 

ПредходнаПосебен сообраќен режим во недела во општина Аеродром
СледнаЗоран Ристоски нов директор на МРТ