Негувателот во Скопската Зоолошка градина Виктор Ванчевски на својот профил на Фејсбук информираше за една непријатна ситуација во која ученици кои биле во посета на ЗОО фрлале камења по слоницата.
– Денес имав ситуација што искрено ме разочара. Група ученици од средното угостителско „Лазар Танев“ фрлаа камења кон слоницата, додека нивните професори седеа на кафе во кафич. Не сакам да генерализирам — не се сите деца исти, ниту сите професори се неодговорни. Но вакви поединци оставаат лоша слика и, уште полошо, нанесуваат стрес и штета на животни кои се под наша грижа. Како зоонеговател, секојдневно гледам колку се чувствителни и интелигентни овие суштества. За нив, ова не е ,, заебанција“, пишува во објавата.
Апелира да се учат децата дека животните не се мета за забава, туку живи суштества што заслужуваат почит.
– Разбрав дека е изреагирано од страна на директорот, се надевам дека ќе има некакви реперкусии за ова однесување, пишува Ванчевски на Фејсбук.




