дома Македонија Политика Зајкова: Ајде колеги, сите на нотар, или сте за „само со македонско...

Зајкова: Ајде колеги, сите на нотар, или сте за „само со македонско државјанство“ или манипулирате?

Јас не манипулирам, еве ја мојата нотарска изјава!

Пратеничката и претседателка на ЛДП, Моника Зајкова, преку видео ги повика колегите пратеници  уште денеска да појдат на нотар и да дадат изјава дека имаат само македонско државјанство.

-Ајде колеги, сите на нотар со иста изјава – да се види дека е став, а не популистички потег. Или сте за „само со македонско државјанство“ или манипулирате. Јас не манипулирам, еве ја мојата нотарска изјава! – вели Зајкова.

Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ вчера поднесоа измени на Законот за пратеници со кои пратениците мора да имаат едно, однодно македонско државјанство. Измените на законот ги поддржаа и од СДСМ но најавија дека ќе поднесат амандман тие да важат и за актуелниот собраниски состав. СДСМ денеска  поднесе измени на законот за Влада со кои се предлага сите избрани и именувани функционери да имаат само македонско државјанство

ПредходнаТуристичката комора при ССКМ бара Грција да го одложи ЕЕС системот во шпицот на сезоната
СледнаПсихолог открива 12 реченици што секое дете треба да ги чуе