дома Локално Конференција „Скопје – Европска престолнина на културата 2028: Обликување на иднината на...

Конференција „Скопје – Европска престолнина на културата 2028: Обликување на иднината на Скопје“

Град Скопје денеска ќе организира меѓународна конференција „Скопје – Европска престолнина на културата 2028: Обликување на иднината на Скопје“

-Настанот треба да ги обедини водечките институции, градоначалници, европски партнери, експерти, универзитети и меѓународни организации со цел да се отвори стратешки дијалог за урбани политики, културен развој и одржливи европски практики, најави Град Скопје.

Како што истакна скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, настанот ќе ги обедини водечките институции, градоначалниците, европските партнери, експертите, универзитетите и претставниците на меѓународните организации, со цел да се отвори суштински и стратешки дијалог за иднината на градот.

– Фокусот ќе биде ставен на современите урбани политики, динамичниот културен развој и на примената на одржливите европски практики, кои ќе придонесат за создавање поиновативно, инклузивно и просперитетно Скопје. Ова е можност за размена на идеи, визии и искуства, но и за градење силно партнерство што ќе ја обликува европската перспектива на нашиот град – нагласи Ѓорѓиевски.

ПредходнаСобранието ќе ја продолжи 98. седница и процедурата за укинувањето на техничката влада
СледнаВИДЕО | Таа со леснотија пее на 87 години: Терезa Кесовија пред својот најавен последниот концерт