Во Канцеларијата на народниот правобранител денеска на прес-конференција ќе бидат презентирани наодите од анализата за сексуална злоупотреба на деца во земјава.
Од Канцеларијата на народниот правобранител посочуваат дека посебен фокус ќе биде ставен на загрижувачките бројки и системките недостатоци во заштитата на децата од сексуална злоупотреба и на препораките од анализата.




