дома Локално Топло уште денес, од утре дожд до крајот на неделата

Топло уште денес, од утре дожд до крајот на неделата

Времето денеска ќе биде топло, наместа со појава на пороен дожд и услови за ретки грмежи, а веќе од утре под влијание на влажна и постудена воздушна маса ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни односно се очекува да наврнат од 15 до 20 l/m2.

Поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во снег. Од петок до крајот на неделава ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и ќе дува умерен, до засилен ветер од северен правец, кој повремено ќе надминува брзина од 60 km/h. Температурата ќе биде во опаѓање, а утринската наместа ќе се спушти и под нула.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, денеска минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 24 степени.

 

ПредходнаЛевица и МВР со појаснувања околу приведувањето на лидерот на Црвена младина
СледнаКрводарителска акција на ССНМ и ЗНМ по повод Светскиот ден на слободата на медиумите