Вицепремиерот за политики за добро владеење и транспарентност, Арбен Фетаи, кој повеќе од еден месец се нема појавено на седница на Владата, но и покрај тоа официјално не е разрешен, објави фотографија за која наведува дека е направена во Бангкок, на далечниот Тајланд.
A. Фетаи во Бангкок, Тајланд / Фото: Фејсбук / Арбен Фетаи
Фетаи, како што неодамна откри неговиот сопартиец од коалицијата Вреди, министерот за здравство Азир Алиу, одамна се нема појавено на работа и тој не оди на седниците на Владата, ама плата министерска си зема.
Тој исто така подолго време не се појавил во јавноста, ниту пак одговараше на повиците и прашањата за тоа зошто не оди на работа. Објавата со фотографијата од Бангкок е прва на неговиот фејсбук-профил по повеќе од 40 дена.

Според извори во Вреди, Фетаи изминатиов период бил и во Белгија во посета на семејството.
Вицепремиерот беше дел од партијата на поранешниот министер за здравство Арбен Таравари, но остана во кабинетот кога Таравари лани ја напушти Владата и премина во опозиција. Со него остана и Азир Алиу, кој седна во министерската фотелја на некогашниот сопартиец Таравари во Здравство.
Премиерот Мицковски за првпат призна дека е точно дека не иде на работа и дека тој му се доверил дека не му е предизвик владатаи министер ке си одел по приватни бизниси да си тера, а пал премиерот не каза дали ќе му ја укине платата за неработење , туу кажа дека ке му понудел да го ангажира за други работи, за кои го бивало. КАко што стои на фоткава, барем засега се гледа за што го бива .




