дома Култура Промоција на поетската книга „Некој друг“ од Јовица Ивановски

Промоција на поетската книга „Некој друг“ од Јовица Ивановски

Промоција на поетската книга „Некој друг“ од Јовица Ивановски

  Поетската книга „Некој друг“ од Јовица Ивановски ќе биде промовирана вечер со почеток во 20 часот во „Лабораториум“. Книгата ќе ја промовира поетот Дарко Лешоски, а песни ќе чита актерот Нино Леви, информираат од тимот на Ивановски.

Ивановски е роден во Скопје, 1961 година. Автор е на дваесет и една книга поезија и неколку избори на македонски и англиски. Застапен е во повеќе антологии и препеан на петнаесетина јазици. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за книгата „Човек“ (2019).

ПредходнаХехлер: Повлекувањето на 5.000 американски војници е загуба од 2 милијарди доларигодишно
СледнаПродолжува судењето за Пулс