дома Македонија Законот важи подеднакво за сите, вели Мицкоски за членот на неговото обезбедување

Законот важи подеднакво за сите, вели Мицкоски за членот на неговото обезбедување

Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека член на неговото пошироко обезбедување е санкциониран откако од страна на сопругата бил пријавен за семејно насилство.

Мицкоски во изјава за медиумите рече дека законот важи подеднакво за сите без разлика дали станува збор за член на неговото обезбедување.

– Ова е втор случај за лица од моето обезбедување каде законот важи за сите за разлика од минатото кога членови од обезбедувањето на претседателот тепаа граѓани и се изижуваат во дискотеки и минуваат неказнети. За волја на вистината тој е припадник во претходницата која јас не ја гледам така често, а за волја на вистината, неговата сопруга е ќерка на мој колега од факултет, рече Мицкоски.

Триесет и девегодишниот член на обезбедувањето на Мицкоски доби осумдневне притвор откако од страна на сопругата бил пријавен за семејно насилство.

 

ПредходнаСДСМ со прашање до Филков: Дали се испратени документите за екстрадиција на Груевски
СледнаЛажни СМС пораки за казни од Сејф сити