дома Македонија Мицкоски: Избори годинава ќе нема, ВМРО е секогаш подготвена

Мицкоски: Избори годинава ќе нема, ВМРО е секогаш подготвена

По вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски која беше протолкувана како најава за предвремени парламентарни избори, денеска тој вели дека избори годинава ќе нема.
– Некои од партиите се исплашија од таа моја изјава, јас следам. Мојот став е дека оваа година избори нема. Оваа година е реформска и година на консолидација. Би сакал да имаме редовни избори коишто ќе се случат пролетта 2028 година, а дали 2027 година е опција, знаете дека ВМРО-ДПМНЕ е секогаш подготвена да оди на избори и да победи, рече Мицкоски.
        Во изјавата што Мицкоски ја даде вчера одговарајќи на прашање за СДСМ, рече дека добрата вест е што набргу ќе има избори и после тие избори ќе се случи партијата што ја води Филипче да биде маргинализирана и дека луѓето како Филипче ќе исчезнат од политичката сцена.
– Јас жалам што тие повторно одлучија да коленичат на туѓите интереси, наместо да застанат рамо до рамо со Владата во одбрана на националните интереси. Но, добрата вест е што набргу ќе има избори и после тие избори ќе се случи партијата што тој ја предводи да се маргинализира и јас се надевам дека тој и таквите како него засекогаш ќе исчезнат од политиката и ќе дојдат луѓе кои си ја сакаат татковианата, кои се вистински патриоти, изјави вчера Мицкоски.

ПредходнаВозач на камион од Македонија удрил во ограда на автопат и изгорел во кабината
СледнаСе бараат мерки на претпазливост за малолетничките од Ѓорче Петров