дома Македонија Продолжува судскиот процес за Пулс

Продолжува судскиот процес за Пулс

Во 09:30 часот денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 63, а над 200 лица беа повредени.
Во судницата во Идризово, како и минатиот пат, судењето продолжува со изведување на материјални докази предложени од страна на Обвинителството.
         На минатото рочиште сведочеше директорот на Институтот за судска медицина Александар Станков кој посочи дека труење со јаглероден моноксид е главната причина за смртта кај најголем дел од починатите во пожарот.
– Јаглероден моноксид е најчест токсичен гас што се јавува при пожари во затворен простор. Тој многу бргу и добро ја исполнува просторијата и е доминантен причинител за смртта, посочи Станков.
Водородниот цијанид пронајден кај дел од жртвите, како што рече Станков, сао го потпомогнал дејството.
Поради недостапност на двајца сведоци беа прочитани нивните искази дадени во Обвинителството на што реагираше одбраната нагласувајќи дека станува збор за клучни сведоци околу постапката за поставување на прскалките од кои настана пожарот.
Адвокатката на првообвинетиот Дејан Јованов – Деко побара да се исклучи јавноста поради, како што посочи, закани по неговиот живот, но предлого беше одбиен со образложение дека досега ниту една закана не е нотирана во записник.
Вчера падна и првата пресуда за пожарот во Пулс. Тројцата полицајци обвинети за еден од трите предмети за трагедијата добија условни казни на што реагираа од Здружението на граѓани 16 март 2025 оценувајќи дека тоа не е правда, туку формалност.
– За злоупотреба на службена должност законот предвидува до 10 години затвор, а денес имаме условни казни – и тоа за утврдена злоупотреба во систем што со години дозволувал незаконистости чие непостапување создало услови за трагедија со 63 изгубени животни и над 200 повреди, нагласуваат родителите на загинатите во пожарот.

ПредходнаКина испорачува делови за дронови на Иран и Русија и покрај санкциите
СледнаСАД ќе тестираат модели со вештачка интелигенција од Microsoft, Google и xAI пред да бидат лансирани