дома Локално Променливо облачно време со повремен локален дожд и ветер од јужен правец

Променливо облачно време со повремен локален дожд и ветер од јужен правец

 Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, а во југоисточните делови ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура, како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Од УХМР најавуваат дека во наредните денови следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во петок и во сабота на повеќе места се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринските температури ќе бидат во пораст, а дневните до сабота ќе се задржат пониски.

ПредходнаТерминот „doomer“ повторно се шири на социјалните медиуми. Дали знаете што значи?
Следна100-та седница на Сабранието со извештаи за работењето на МРТВ, АЕК, АВМУ, ДКСК…