Облачно време со врнежи од дожд ќе преовладува денеска. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме.
За денеска се најавуваат минимални температури во интервал од 5 до 11 степени и максимални од 16 до 21 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со услови за појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Променливото облачно време со сончеви периоди ќе се задржи и во следните денови. Нестабилно со честа појава на врнежи од дожд и грмежи ќе биде особено во попладневните часови. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер.




