дома Свет Петер Маѓар положи заклетва, од денес официјално премиер

Петер Маѓар положи заклетва, од денес официјално премиер

Лидерот на партијата Тиса, Петер Маѓар, денес беше официјално избран за премиер на Унгарија откако неговата партија освои двотретинско мнозинство на парламентарните избори одржани на 12 април.


Со ова заврши 16-годишното владеење на поранешниот премиер и лидер на партијата Фидес, Виктор Орбан, објавува „Маџар Немзет“.
На конститутивната седница на парламентот, Маѓар положи заклетва и одржа говор во кој најави политички реформи, борба против корупцијата и приближување на земјата кон Европската Унија.
Унгарското национално собрание беше формирано денес со церемонијално положување заклетва на членовите на парламентот избрани на априлските избори.
Со формирањето на новиот парламент, заврши мандатот на владата Фидес-КДНП предводена од Виктор Орбан, која ја презеде функцијата во 2022 година.
Пратениците усвоија нова структура за парламентарните комисии во саботата, за време на првата седница на новоизбраниот парламент, и избраа претседатели на комисии, заменик-претседатели и членови.
Новиот парламент ќе има 20 комисии, четири повеќе од претходниот.
Владејачката партија Тиса ќе предводи со 14, Фидес четири, а Христијанските демократи и Движењето „Нашата татковина“ по еден.
Предложената декларација за комисиите на Претставничкиот дом беше едногласно усвоена со 196 гласови „за“.

ПредходнаВселенската Патријаршија ја прими МПЦ-ОА во канонско единство – историски миг на лекувањето на повеќедецениската шизма и враќањето на Охридската Архиепископија во полнотата на Православието
СледнаУАПСЕНИ 9 ВОЗАЧИ ЗА БЕЗОБЅИРНО ВОЗЕЊЕ: Осум возеле без дозвола, од кои двајца малолетници, еден со активна забрана