Американскиот технолошки гигант Apple постигна прелиминарен договор со Intel, за компанијата да произведува дел од чиповите за уредите на производителот на iPhone, објави денес Wall Street Journal.

Според весникот, двете компании се во интензивни преговори повеќе од една година, додека формалниот договор беше договорен во последните месеци, објави Ројтерс.
По објавувањето на информациите, акциите на Apple пораснаа за околу два проценти, додека акциите на Intel скокнаа за околу 14 проценти.
Спогодбата би можела да биде значаен поттик за Intel, кој се стреми да го зајакне своето производство на чипови и да го прошири своето присуство во глобалната индустрија за полупроводници.
Минатиот месец, компанијата склучи и партнерство со компаниите на милијардерот Илон Маск за производство на процесори за проектот Terafab.
Сè уште не е познато за кои производи на Apple Intel би произведувал чипови.




