дома Локално Градоначалникот на Аеродром „жив го фати“ како истура шут на дива депонија

Градоначалникот на Аеродром „жив го фати“ како истура шут на дива депонија


Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески спречил обид за нелегално истурање на градежен шут на дива депонија во Ново Лисиче. Тој објави видеоснимка на Фејсбук на која се гледа како бара инспекција и полиција, додека возачот на камионот кој го истовара шутот му дава телефонски да се слушне со газдата на фирмата. Потоа возачот на камионот бега од местото

Од општината велат дека е пријавено во МВР и дека е направен записник. На местото веднаш излегол инспектор за животна средина од Општина Аеродром, а во понеделник ќе биде повикана фирмата на која ќе ѝ биде врачен записник и решение за казна за загрозување на животната средина.

Најниската казна е 9.000 евра, а највисоката над 80.000 евра во зависност за каква фирма станува збор.

 

ПредходнаОпштина Карпош побарала Лукровски да се избрише од Централен регистар, а да се запише Крстевски, тврди Јакимовски
СледнаПијан скопјанец уринирал врз службено возило на Град Скопје, па му искршил нос на комунален редар – интервенирала и полиција