Апелацискиот суд во Скопје денеска ќе ги разгледа жалбите од одбраната и од Основното јавно обвинителство кое се жали во однос на ослободителната пресуда на Александар Ѓорчевски, татко на киндапираното и убиено 14-годишно девојче.
Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.
Основниот кривичен суд во Скопје на 25 јуни лани ги осуди на доживотен затвор осомничените Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев за кривични дела – грабнување и свирепо убиство на двете жртви. Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој исто така беше меѓу осомничените, беше ослободен од обвинението поради недостиг на докази.
Обвинетите испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп, а киднапирањето на Панче Жежовски било направено со намера да го присилат да им го даде неговото возило за да го користат за грабнување на Вања.
Вања и Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.




