дома Локално Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, сите управувале возила...

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, сите управувале возила без возачка дозвола

  Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, сите возеле без возачка дозвола.

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, сите управувале возила без возачка дозволаЧетири возачи во Скопје, двајца во Струга, двајца во Битола и еден во Прилеп управувале возило без возачка дозвола. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од полицијата апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол.

ПредходнаЕве што се случува кога ќе престанете да пиете кафе само две недели
СледнаДемарш за бугарскиот амбасадор за употребата на терминот северномакедонски во изјавата на бугарската министерка