Почнува 15-тото издание на Самитот на Македонија2025, кој ќе обедини високи претставници од бизнис секторот, Vладата, меѓународните организации, академската заедница, инвеститорите, дијаспората и регионалните лидери.
Под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“, годинaшниот Самит ќе отвори дискусии за економскиот раст, конкурентноста, инвестициите, инфраструктурата, дигиталната трансформација, вештачката интелигенција и улогата на дијаспората во развојот на Македонија. Во фокусот ќе бидат и теми поврзани со лидерството, иновациите, иднината на институциите и регионалната соработка.
На отворањето на самитот најавени се обраќања на лидерството на Македонија2025, меѓу кои Виктор Мизо, претседавач на Одборот на директори, Мајк Зафировски, коосновач и Никица Мојсоска-Блажевски, извршна директорка на Македонија2025.
На првиот ден од Самитот предвидено е да се обрати и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, како и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Покрај официјалната програма, организаторот најавува можности за вмрежување и неформална размена меѓу учесниците, преку „Unwind Hour“ сесии и посебен настан за вмрежување предвиден за денес.




