дома Македонија Законски измени со кои ќе се казнува родителот на дете со насилно...

Законски измени со кои ќе се казнува родителот на дете со насилно однесување, најавува МОН

Министерката за образование и наука најавува законски измени со кои ќе се предвиди казна за родителите чии деца покажуваат насилно однесување во училиште. Вели дека се разговара со пратениците околу овие измени.

– Во моментот разговараме со пратениците да се формулира таа измена во законот, изјави денеска Јаневска на прес-конференција.

Весна Јаневска         По последниот случај во кој е повреден 15-годишен ученик со ладно оружје во основно училиште во Чаир, министерката со апел до родителите да посветат внимание на децата.

– Ладното оружје децата не го наоѓаат во училиште, го наоѓаат надвор. Оттука, неопходна е соработка со сите сектори кои се засегнати, но ги повикувам и молам родителите да посветат внимание на своите деца. Целата држава што и да направи, ако не се вклучат родителите, не може да постигнеме успех, порачува Јаневска

ПредходнаСуд: Милка ги мами потрошувачите со тенка амбалажа
СледнаМицкоски тврди дека Лукровски не поднел оставка, заменикот е законски назначен