дома Локално Почнува Виноскоп, пет дена богата гастрономска и музичка содржина

Почнува Виноскоп, пет дена богата гастрономска и музичка содржина

Од денес кај Школка во Градскиот парк почнува 15 издание на фестивалот „ВИНОСКОП“ којшто во следните пет фестивалски денови ќе понуди врвно македонско вино, богата гастрономија и квалитетна музика.

За време на фестивалот којшто ќе трае до 17 мај посетителите ќе имаат можност да дегустираат различни видови вина од бројни македонски винарии и производители на квалитетно македонско вино, разновидна гастрономска содржина, како и музичко-забавна програма со настапи на домашни музички изведувачи, бендови и диџеи.

Фестивалот почнува во 18 часот во среда и четврток, а од 17 часот во петок, додека за време на викендот посетителите ќе можат да уживаат во дневната програма која почнува од 12 часот.

– Годинава, „ВИНОСКОП 2026“ носи и тематски музички вечери, како и специјална дневна програма под концептот „Блуз и вино“, наменета за сите љубители на автентичниот звук, добрата атмосфера и квалитетното вино, информира Град Скопје како организатор.

ПредходнаДождлив и постуден ден
Следна„Риголето“ вечер на 54. Мајски оперски вечери