Променливо облачно време со сончеви периоди на ден пред викендот. Наместа ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 12, а максималната од 20 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 24 степени.
За време на претстојниот викенд синоптичарите најавуваат слично време со локална нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во сабота се очекуваат поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m2), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град. Во недела ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.




