дома Македонија Низок е ризикот од појава на хантавирусот во земјава, уверува Комисијата за...

Низок е ризикот од појава на хантавирусот во земјава, уверува Комисијата за заразни болести

Низок е ризикот од појава и ширење на хантавирусот во земјава, оценува Комисијата за заразни болести. Здравствениот систем, велат од Министерството за здравство, е подготвен за справување со евентуална појава на вирусот.
Тврдат дека располагаме со реагенси за лабораториско докажување на вирусот, како и со стандардни процедури за дијагноза на вирусот.
Според ресорното Министерство, и Клиниката за инфективни болести има соодветни капацитети за третман на пациенти односно соодветни услови за интензивна нега, механичка вентилација и респираторна поддршка.
Варијантата андес, според Комисијата за заразни болести, за разлика од другите варијанти на хантавирусот, има можност за пренос од човек на човек при подолг и близок контакт, но преносот не е брз и лесен како кај коронавирусните инфекции.

ПредходнаПерински: Нема известување за оставка од градоначалникот на Карпош, сè друго се шпекулации
СледнаМакедонија, Србија, Грција и Бугарија, заеднички во регионалната енергетика