Цените на нафтата на светските берзи повторно скокнаа, а по која цена ќе точиме горива ќе биде познато во понеделник кога Регулаторната комисија за енергетика треба да донесе нова одлука.
Попустот на горивата што го дава ОКТА трае до понеделник, а дотогаш важат и мерките што ги донесе Владата за ублажување на кризата предизвикана од случувањата на Блискиот Исток намалувајќи ја стапката на ДДВ на 10 проценти и акцизата за горива за два денари.
Во понеделникот РКЕ донесе одлука со која цената на дизелот ја намали за четири денари за литар, а на Еуросупер БС-98 за половина денар, додека цената на Еуросупер БС-95 остана непроменета.




