дома Локално Ѓорѓиевски: Има пропусти со отпадот, но набавуваме 40 камиони и 2.500 контејнери

Ѓорѓиевски: Има пропусти со отпадот, но набавуваме 40 камиони и 2.500 контејнери

Градоначалникот на Скопје не се согласува со тоа дека насекаде во градот контејнерите за отпад се полни. Вели има одредени пропусти, но при крај се постапките за набавка на нови камиони и контејнери.

Во изјава дадена денеска скопскиот градоначалник вели дека е завршена постапката за набавка на 40 камиони, а во завршна фаза е и набавката на 2.500 кантејнери.

– Има одредени пропусти. Ние се уште располагаме со старата механизација што ја наследивме. Од моментот кога станав градоначалник имавме 16 камиони на располагање, сега бројката е движи околу 60 камиони но важно е дека се зварши тендерската постапка и дека за брзо ќе стигнат околу 40 камиони за Градот Скопје. Од друга страна, во финална фаза сме и на постапката за набавка на околу 2.600 контејнери кои треба да стигнат за 10-15 дена, изјави Ѓорѓиевски.

ПредходнаДва тротинета се судриле на кејот на Вардар, жена потешко повредена
СледнаЗавршени експропријациите на булеварот „Борис Трајковски“, пробиена речиси целата траса