Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги објави новите цени на горивата откако Владата во саботата на вонредна седница ги продолжи мерките за горивата до 1 јуни.
Премиерот Христијан Мицкоски очекува со продолжувањето на мерките за намалена акциза и намалено ДДВ за горивата и понатаму да имаме најниски горива во регионот.
– Со тоа ние како држава повторно сме со најниски цени на бензините и на дизел горивата, рече Мицкоски.
Владината одлука донесена во саботата предвидува продолжување на мерката за намалено ДДВ за горива од 18 на 10 проценти и намалена акциза од четири денари за дизелот и два денари за бензинот донесени за ублажување на последиците од кризата на Блискиот исток.




