дома Македонија Политика Се мешаат лончињата и пејачката Беба ги поддржа албанските студенти во Македонија

Се мешаат лончињата и пејачката Беба ги поддржа албанските студенти во Македонија

Светски познатата пејачка Бебе Реџа, со етничко албанско потекло од Македонија, јавно ги поддржа албанските студенти кои за денеска попладне најавија втор протест со барање правосудниот испит да се полага и на албански јазик.

Бебе Реџа / Фото: EPA/Инстаграм/Бебе Реџа

Реџа се огласи преку Инстаграм, каде што сподели порака за значењето на албанскиот јазик и повика на поддршка за студентите. Пејачката истакна дека јазикот е важен дел од националниот идентитет и потсети на долгогодишната борба за негово зачувување.

„Нашиот албански јазик е длабоко вкоренет во нашиот идентитет. Со генерации се боревме да го зачуваме и да го одржиме во живот.

Северна Македонија е мултиетничка држава изградена врз коегзистенција и еднакви права за сите нејзини заедници, каде што албанскиот јазик е признаен како коофицијален јазик“, напиша пејачката.

Студентите Албанци повторно на протест, бараат полагање на правосудниот испит на албански јазик

Да потсетиме, ова ќе биде втор протест на албанските студенти во земјава. Првиот беше одржан пред еден месец пред Министерството за правда и Владата.

Во меѓувреме, поддршка за студентите дадоа и политичари од албанскиот блок, како и функционери од Албанија и Косово.

ПредходнаАлкохолот уништува десетици органи
СледнаСтравот и стигмата продолжуваат да ги одвраќаат луѓето од тестирање за ХИВ во Србија