дома Македонија Студентите Албанци повторно на протест, бараат полагање на правосудниот испит на албански...

Студентите Албанци повторно на протест, бараат полагање на правосудниот испит на албански јазик

За денеска попладне закажан е втор протест на студентите Албанци кои бараат правосудниот испит да го полагаат на албански јазик.

Поддршка на студентите им дадоа домашни политичари од албанскиот блок, но и од функционери од Албанија и Косово.

Од владејачката партија Влен порачаа дека го почитуваат протестот и барањето на студентите, но дека се против обидите на ДУИ да го инструментализира протестот и да го користи како покритие за сопственото 22-годишно фијаско.

– Го почитуваме протестот. Но, силно сме против обидите на ДУИ да го инструментализира и да го користи како покритие за сопственото 22-годишно фијаско. Затоа, на ова прашање му пристапивме со одговорност и сериозност. Го решаваме, како што решаваме и многу други прашања што со години биле оставени половично, велат од Влен.

Премиерот Христијан Мицкоски неодамна изјави дека Владата работи на законско решение правосудниот испит да се полага на албански јазик, апелирајќи до студентите да бидат трпеливи и да не дозволат нивниот собир да биде политички инструментализиран.

Првиот протест беше одржан пред еден месец пред Министерството за правда и Владата.

ПредходнаПроменливо време до четврток, потоа повторно дожд
СледнаВо општина Аеродром акција за собирање кабаст отпад