Златна плочка тешка 848 грама која се проценува дека вреди 4,5 милиони денари e откриена во чевел кај патник на граничниот премин Богородица.
Македонскиот државјанин прво ја чувал златната плочка во сакото, а непосредно пред контролата ја скорил во чевелот.
Царинската управа соопшти дека случајот е откриен откако автобус кој сообраќал на релација Гостивар-Истанбул е издвоен за контрола, по што, поради основани сомневања, е извршена детална контрола на патникот.
Против сторителот е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“.




