дома Македонија Златна плочка скриена во чевел, приведен македонски државјанин

Златна плочка скриена во чевел, приведен македонски државјанин

Златна плочка тешка 848 грама која се проценува дека вреди 4,5 милиони денари e откриена во чевел кај патник на граничниот премин Богородица.

Македонскиот државјанин прво ја чувал златната плочка во сакото, а непосредно пред контролата ја скорил во чевелот.

Царинската управа соопшти дека случајот е откриен откако автобус кој сообраќал на релација Гостивар-Истанбул е издвоен за контрола, по што, поради основани сомневања, е извршена детална контрола на патникот.

Против сторителот е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“.

 

ПредходнаМицкоски со повик за обединување за националните интереси
СледнаСДММ бара повлекување на измените за студентски стандард