Македонската асоцијација за управување со отпад (MASWA) денека со почеток во 12 часот во хотел „Мериот“ во Скопје ќе одржи панел-дискусија на тема „Воспоставување на регионален систем за управување со отпад како основа за циркуларна економија“.
Во рамки на агендата е предвидена презентација на студија на случај од Хрватска, по што ќе следи панел-дискусија со учество на експерти и претставници од институциите, академската заедница и бизнис секторот.
Настанот има за цел да отвори дискусија за развојот на регионален систем за управување со отпад, размена на искуства и добри практики, како и да ги истакне придобивките од циркуларната економија за економскиот развој, заштитата на животната средина и општеството.




