Свеченото врачување на наградата „Роман на годината“ за 2025 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ ќе се одржи денеска во просториите на Друштвото на писателите на Македонија.
Годинашен лауреат на ова престижно признание е романот „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска, во издание на „Арс Либрис“.
Одлуката ја донесе петчленото жири во состав Калина Малеска, Ивана Трајаноска, Иван Антоновски, Иван Шопов и Катерина Богоева.
На конкурсот што годинава се одржа по 27-пат пристигнаа 46 романи, а жирито ја донесе одлуката со мнозинство гласови, по претходно неколкукратно селектирање на пристигнатите романи.
Наградата се состои од оригинална статуетка, плакета и паричен износ од 150.000 денари и е поддржана од Министерството за култура и туризам, а генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје.



