дома Свет Балкан (Видео) Огромен пожар на реката Сава во Белград, се запалија сплавови

(Видео) Огромен пожар на реката Сава во Белград, се запалија сплавови

Денеска во Белград избувна голем пожар на еден сплав на реката Сава, објави „Б92“

Според првите информации од терен, огнот бргу се проширил и зафатил уште два сплава во населбата Нов Белград. Првичните информации од местото на пожарот беа дека пожарот набргу се проширил и на останатите сплавови, од кои, како што пренесуваат медиумите, останала само металната конструкција.
На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа густ чад што се издига над реката, додека пожарот се шири по брегот на Сава.

Во попладневните часови избувна голем пожар, кој се прошири на неколку сплавови од макишката страна на Ада Циганлија. Со брза реакција, пожарникарите-спасувачи успеаја да спасат два сплава.

ПредходнаХоландија најбезбедна држава за патување во 2026 година
СледнаТАВ: До 30 мај можен побавен проток при безбедносната проверка