САД и Иран постигнаа прелиминарен мировен договор , кој се очекува да биде објавен во следните неколку часа.

Ова го објави иранската новинска агенција „Лабор њуз агенциј“.
Нацрт-договорот вклучува итен и сеопфатен прекин на огнот на сите фронтови, при што двете страни се согласуваат да се воздржат од напади врз инфраструктурата на другата страна.
Вашингтон и Иран, исто така, се согласија дека слободата на пловидба низ Персискиот Залив и Ормутскиот Проток ќе биде загарантирана преку заеднички регулаторен механизам.
Покрај тоа, санкциите против Иран ќе бидат постепено укинати, под услов Техеран да ги почитува условите од договорот.
Страните, исто така, се согласија дека преговорите за преостанатите прашања ќе започнат најдоцна во рок од седум дена, се наведува во извештајот.




