
Суфицитот во првите три месеци од 2026 година, на 12,4 милијарди евра, беше за 30,5 проценти помал во однос на истиот период минатата година, според статистичарите. Извозот од 36,2 милијарди евра беше за 12,1 процент помал од минатата година, додека увозот од 23,8 милијарди евра се зголеми за 1,9 проценти.
Откако се врати во Белата куќа минатата година, Трамп ја обвини Европа за експлоатација на САД во трансатлантските односи и воведе агресивен царински режим.
Договорот меѓу САД и Европската унија за ограничување на царината за увоз на поголемиот дел од европската стока на 15 проценти треба наскоро да биде ратификуван.
Германија има суфицит во трговијата со САД повеќе од три децении – последниот пат кога имаше дефицит беше во 1991 година. Сепак, САД минатата година заостанаа зад Кина во однос на вредноста на трговијата со Германија.




