дома Локално Невреме во неколку градови, УХМР најавува слично време и за утре

Невреме во неколку градови, УХМР најавува слично време и за утре

Скопје, Велес, Пробиштип, Свети Николе и Валандово се неколкуте градови кои во попладневните часови ги зафати невреме со пороен дожд и засилен ветер.

Управата за хидрометеоролошки работи најавува слично време и за утре кога на повеќе места се очекува пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер (над 50 km/h). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.

Во делови од Скопската котлина ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.

ПредходнаМинистерството за транспорт бара јавно извинување од СДСМ, во спротивно најавува тужба
СледнаМинистерката за финансии го повика СДСМ на средба, Филипче прифати под услов да се присутни и медиумите