дома Македонија Филипче: Граѓаните ќе плаќаат дополнителни 20 милиони евра за камати од задолжувањата

Филипче: Граѓаните ќе плаќаат дополнителни 20 милиони евра за камати од задолжувањата

Заемот од 260 милиони евра што сака да го земе Владата ќе ја чини државата дополнителни 20 милиони евра за камати, обвини денеска опозициската СДСМ.
Лидерот на партијата Венко Филипче на прес-конференција рече дека скапите задолжувања на Владата ќе ја чинат државата дополнителни камати, а товарот ќе го сносат граѓаните.
– Иако е најавено дека побарале 300 милиони евра, од конзорциум на банки, Министерство за финансии, Владата добила 260 милиони евра. Значи, поради стратегијата да не се земе вкупно преку издадена обврзница милијарда и триста милиони евра, туку се земала милијарда по поповолни услови и по понеповолни 260 милиони евра, државата повеќе должи по основа на камата дополнителни 20 милиони евра, потенцира Филипче.

Поради овој заем, СДСМ ја напушти работата на собраниската Комисија за финансирање и буџет и најави интерпелација и кривична пријава за претседателот на Собранието кој ја свика седницата а за претседавач го назначи Бојан Стојаноски.

Кабинетот на собранискиот спикер тврди дека Гаши постапил согласно можностите што му се дадени од Деловникот за работа.

ПредходнаНова бомба од СДСМ: Тендерот за автобусите бил наместен за 12 милиони евра повеќе
СледнаВо Куманово собир за поддршка на Вучиќ