дома Македонија Економија Поголемо финансиско друштво остана без дозволата за работа

Поголемо финансиско друштво остана без дозволата за работа

Поголемо финансиско друштво остана без дозволата за работа откако Министерството за финансии во вонреден надзор по пријава од граѓанин констатира сериозни повреди на законските обврски.
пари– Надзорот утврди грубо прекршување на законските прописи, постапување спротивно на правилата за заштита на корисниците и практики со кои директно биле доведени во ризик граѓаните – корисници на финансиски услуги.
Поради тежината на утврдените прекршоци и сериозноста на констатираните неправилности, Министерството за финансии во мај донесе решение за одземање на дозволата за работа на финансиското друштво, информира Министерството за финансии.

Оттаму велат дека од надзорите спроведени во текот на годинава констатирани се повеќе неправилности, при што изречени се 22 глоби за 16 друштва и 23 писмени наредби за отстранување на утврдените неправилности.

Паралелно со контролите, Министерството подготвува и законски измени со кои дополнително ќе се заострат условите и критериумите за работа на финансиските друштва.

ПредходнаПсихолог објаснува како да препознаете врска што изгледа како љубов, но не е
СледнаНова бомба од СДСМ: Тендерот за автобусите бил наместен за 12 милиони евра повеќе