Државниот секретар на САД Марко Рубио денеска во Њу Делхи одржа средба со индискиот министер за надворешни работи Субрамањам Џаишанкар на која главни теми беа кризата на Блискиот Исток и билатералната трговија.
Двајцата шефови на дипломатиите детално разговарале и за визниот режим, поморската безбедност, како и за стабилноста на глобалните енергетски испораки во контекст на актуелните геополитички превирања.
По состанокот, американскиот државен секретар Рубио изјави дека во изминатите 48 часа е забележан значителен напредок во дипломатските напори насочени кон изнаоѓање решение и разрешување на конфликтот со Иран.




