дома Македонија Левица ќе поднесе иницијатива пред Уставен за измените на Законот за минерални...

Левица ќе поднесе иницијатива пред Уставен за измените на Законот за минерални суровини

Политичката партија Левица најавува дека во понеделник ќе поднесе иницијатива пред Уставниот суд за поништување на последните измени на Законот за минерални суровини, бидејќи, според нив, со ваквите измени се прават сериозни законски и уставни прекршувања во корист на рударското лоби.

Според Левица, наместо да го почитува отпорот на граѓаните, власта влегла во „уште едни збрзани измени“ на Законот за минерални суровини, направени, „по желба на рударското лоби“.

Пратеникот Сашко Јанчев појаснува дека со спорните измени се дозволува издавање дозвола за копање руда уште пред да заврши постапката за експропријација, односно пред земјиштето од приватна да премине во државна сопственост.

– Тоа е во директен судир со постојниот Закон за минерални суровини, кој предвидува дека пред да се даде дозвола за копање, треба претходно да се даде концесија за експлоатација, вели Јанчев.

ПредходнаОпожарен втор центар за лекување ебола во ДР Конго, 18 пациенти побегнаа
СледнаДеветкатна зграда во изградба се урна на Филипините, во тек е спасувачка акција