Облачно и нестабилно ќе биде и денес. На повеќе места се очекува пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер со брзина над 50 km/h. Локално се најавува невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.
Утринските температури ќе се движат во интервал од 9 до 16, а дневните од 21 до 28 степени.
Во Скопје, ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Во текот на новата недела, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови повторно се очекува локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.




