Приведен е косовски државјанин, водич во автобус за давање поткуп. Водичот со иницијали Н.Ц. заедно со патната исправа дал и банкнота од 50 евра.
Рано утрово во 06:30 часот на подрачје на СВР Куманово-ОВР К.Паланка од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција, сопрен е автобус „мерцедес“ со косовски регистарски ознаки.
– Од извршената контрола констатирано е дека автобусот е управуван од страна на Х.У. државјанин на Р.Турција. Од страна на Н.Ц. косовски државјанин кој бил во улога на водич во автобусот била приложена патна исправа за идентификација во која имало банкнота од 50 евра, информира Министерството за внатрешни работи.




