дома Бизнис Пад на цената на нафтата по најавите за можен договор меѓу САД...

Пад на цената на нафтата по најавите за можен договор меѓу САД и Иран

По најавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека договорот со Техеран е во најголем дел договорен и дека деталите наскоро ќе бидат објавени, цената на нафтата бележи пад на светските берзи.

Од утрово глобалната цена на нафтата од типот Брент падна за 5,5 проценти и се движи околу 95 долари, додека цената на американската нафта падна за 5,8 проценти и се движи околу 90,99 долари.

Според изјавите на Трамп, договорот вклучува и повторно отворање на Ормускиот теснец кој ефективно е затворен од почетокот на судирот од 28 февруари.

ПредходнаНеуспешниот договор меѓу Америка и Иран. Трамп: Ако го потпишам, ќе биде подобар од оној на Обама
СледнаМасакр на молитвен собир во Нигерија, киднапирани најмалку 15 лица