дома Македонија Младите политички лидери ќе потпишат Декларација за европски вредности

Младите политички лидери ќе потпишат Декларација за европски вредности

Претседателите на подмладоците на политичките партии денеска треба да потпишан декларација за европски вредности со која ќе испратат порака дека и покрај политичките разлики, сепак имаат заеднички принципи како што се дијалогот, демократската култура, одговорноста, почитувањето на различностите и посветеноста кон европската иднина на државата.

Настанот е организиран по повод Денот и Месецот на Европа и е финансиран од Европската Унија.

– Со својата симболика и јавна тежина, тој има за цел да даде должно внимание на младите политички генерации и на нивната улога во градењето на поодговорна, подостоинствена и поевропска политичка култура, велат од Институтот за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид кој е организатор на настанот.

ПредходнаРусија пронајде опасен начин да го сврти НАТО против Украина
СледнаАмериканската војска повторно го нападна Иран