дома Македонија Пленовиќ во посета на Македонија, Мицкоски ќе го пречека во Охрид

Пленовиќ во посета на Македонија, Мицкоски ќе го пречека во Охрид

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ утре ќе биде во посета на Македонија, а премиерот Христијан Мицкоски ќе се пречека во Охрид.

По пречекот на аеродромот во Охрид, двајцата премиери ќе одржат тет-а-тет средба и ќе потпишат договори за стратешка соработка меѓу двете земји.

Исто така ќе биде потпишан и меморандум за соработка меѓу  Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и хрватското Министерство за економија.

Согласно агендата, во 12:30 часот двајцата премиери треба да одржат заедничка прес-конференција.

 

ПредходнаЌе има ли средба меѓу министерката за финансии и СДСМ, Битиќи ја покани денеска да дојде во Собранието
СледнаРусија пронајде опасен начин да го сврти НАТО против Украина