дома Локално Град Скопје за ТВ 24: Тендерот за набавка на нови автобуси во...

Град Скопје за ТВ 24: Тендерот за набавка на нови автобуси во Скопје ќе биде повторно распишан во рок од една недела

Тендерот за набавка на нови автобуси во Скопје ќе биде повторно распишан во рок од една недела – велат од Град Скопје за Телевизија 24. Проценките на градските власти се дека скопјани ќе ги добијат првите нови автобуси за неколку месеци.

Претходно тендерот  за набавка на 150 нови еколошки автобуси пропадна поради тоа што фирмите кои се јавиле не ги исполнувале условите – ова го тврди Министерството за транспорт.

Опозициската СДСМ пак обвини дека целта била да се намести фирма блиска до Орбан, додека пак Левица ја критикуваше власта дека пет години  ги манипулира скопјани со ветувања за „еко автобуси“, а со пропаѓањето на последниот тендер ниту годинава Скопје нема да добие нови автобуси.

ПредходнаАмериканската војска повторно го нападна Иран
СледнаЗошто најмоќната армија на планетата ги губи војните што ги започнува – одговорот лежи во начинот на размислување на САД