Претседателите на подмладоците на политичките партии денеска треба да потпишан декларација за европски вредности со која ќе испратат порака дека и покрај политичките разлики, сепак имаат заеднички принципи како што се дијалогот, демократската култура, одговорноста, почитувањето на различностите и посветеноста кон европската иднина на државата.
Настанот е организиран по повод Денот и Месецот на Европа и е финансиран од Европската Унија.
– Со својата симболика и јавна тежина, тој има за цел да даде должно внимание на младите политички генерации и на нивната улога во градењето на поодговорна, подостоинствена и поевропска политичка култура, велат од Институтот за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид кој е организатор на настанот.




