дома Локално Сончево и топло, попладне изолирана појава на дожд и грмежи

Сончево и топло, попладне изолирана појава на дожд и грмежи

Сончево и топло време со мала до умерена облачност не очекува денес. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а попладне се најавува изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната од 24 до 32 степени.

Во Скопје, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 31 степен.

До крајот на оваа недела претпладне ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди, а во попладневнте часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 40 km/h).

Во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град.

ПредходнаНЕ за надворешна ревизија на обвинението за ,,Пулс”. Савески за кочанската трагедија
СледнаЌе има ли средба меѓу министерката за финансии и СДСМ, Битиќи ја покани денеска да дојде во Собранието