дома Македонија Отворен ден на Армијата на градскиот стадион во Штип

Отворен ден на Армијата на градскиот стадион во Штип

На градскиот стадион во Штип денеска граѓаните ќе имаат можност одблизу да се запознаат со воената опрема и возила што ги има Армијата како и со способностите на армиските единици.

Отворениот ден ќе се реализира од 10 до 14 часот, а е организиран по повод успешно реализираната вежба „Блесок 26“, во чии рамки се изврши оценување на борбената готовност (CREVAL) на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ),

На отворениот ден ќе присуствува и претседателката Гордана Сиљановска Давкова која е и врховен командат на вооружените сили и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

ПредходнаИран возвраќа на ударот кон САД, напаѓа американска база
СледнаРеформа за поефикасна борба против трговијата со луѓе