дома Македонија Почина жена во пожар во Пинтија

Почина жена во пожар во Пинтија

Во пожар во Пинтија доцна синоќа почина осумдесет и петгодишна жена.

Случајот го потврди полицијата според чии информации пожарот е пријавен во 01:48 часот во СВР Скопје.

– На 28.05.2026 во 01:48 часот во СВР Скопје е пријавено дека во куќа, сопственост на С.К.(45), а во која живеела и нејзината мајка М.В.(85) во населба Пинтија во Скопје, настанал пожар. Од повредите здобиени во пожарот, починала М.В., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, соопшти МВР.

Пожарот е изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита, а во текот на денот се очекува увид да извршат полициски екипи.

ПредходнаЗошто Европа е континентот што најбрзо се затоплува?
СледнаУкраинските беспилотни летала со вештачка интелигенција ја уништуваат руската логистика